Пријатели и Подржувачи

Сподели:

Наши Пријатели

 

 

Подржувачи

 

Г-дин Киро Глигоров, Прв Претседател на Република Македонија и Почесен Амбасадор на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот. Неговата поддршка во 1997 година беше неопходна за основањето на Детската Амбасада. Претседателот Глигоров ги поддржуваше сите активности на Детската Амбасада.

Г-дин Борис Трајковски, Претседател на Република Македонија, јавно го поддржа основањето на Центарот за дипломатија на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот во намерите за заедничка промоција на хуманистичките општествени вредности и градењето на мостови на пријателство помеѓу децата од Република Македонија и децата од светот.

Г-дин Бранко Црвенковски, Претседател на Република Македонија кој продолжи да ги поддржува намерите за градење на мостови на пријателство помеѓу децата. Претседателот Црвенковски ја поддржа активноста за посета на Државата Израел. Г-дин Црвенковски како Претседател на Владата на Република Македонија ги поддржуваше активностите за децата од нашите целни групи, и тоа за: децата без родители, децата на загинатите бранители, децата болни од церебрална парализа, децата со пречки во развојот и за сите деца членови на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот.

Г-дин Ѓорѓе Иванов, Претседател на Република Македонија, кој во 2011 година ги прими децата од летните кампови во претседателската вила „Билјана“ во Охрид, изразувајќи ја поддршката за активностите на Детската Амбасада.

Г-дин Тито Петковски, Претседател на Собранието на Република Македонија, кој во 1997 година ја даде својата поддршка за основањето на Детската Амбасада. Тој во континуитет ги поддржува сите активности на Детската Амбасада, бил многу пати покровител на активности за децата без родители и децата на загинатите бранители. Г-дин Тито Петковски во 2006 година беше покровител на основањето на Фондот за децата на загинатите бранители.

Г-дин Љубиша Георгиевски, Претседател на Собранието на Република Македонија, прими делегација од 100 деца во Собранието на РМ и ја изрази неговата поддршка на нашите активности. Г-динот Георгиевски е потписник на пристапница за донирање во Фондот за децата на загинатите бранители и додели скромни подароци за децата од оваа целна група во Собранието на Република Македонија.

Г-ѓа Радмила Шеќеринска, Претседател на Владата на Република Македонија, го поддржа организирањето на меѓународниот фестивал во чест на децата „Балкан Кан Кан“.

Г-дин Хари Костов, Претседател на Владата на Република Македонија прими за прв пат во Владата делегација од 50 деца јасно поддржувајќи ги активностите на Детската Амбасада. Г-динот Костов како министер за внатрешни работи ја даде својата поддршка во отпочнувањето на активностите за децата на загинатите бранители.

Г-дин Владо Бучковски, Претседател на Владата на Република Македонија, беше покровител на зимскиот камп за децата на загинатите бранители „Пониква 2005“. Како министер за одбрана, Г-динот Бучковски ги поддржуваше активностите за децата на загинатите бранители кои се одржуваа во детското одморалиште „Пелистер“.

Г-ѓа Илинка Митрева, Министер за надворешни работи на Република Македонија која јавно го поддржа основањето на Центарот за дипломатија. Д-р Митрева беше покровител на инаугурацијата на Амбасадорот на Детската Амбасада.

Г-дин Марјан Ристески, Градоначалник на Општина Прилеп, јасно ги поддржува активностите на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, за сите наши целни групи на деца. Градоначалникот Ристески ги поддржува во континуитет активностите на Центарот за дипломатија во насоката на градење на мостови на пријателство помеѓу народите и е покровител на бројни активности. Г-динот Ристески беше покровител на Инаугурацијата на третото Дете Амбасадор на Детската Амбасада.