За Нас

Сподели:

activity2 Детската Амбасада за Сите Деца во Светот

Детската Амбасада за Сите Деца во Светот е основана 11.11.1997 година во Прилеп, Република Македонија, кога е одржана првата конститутивна седница. Поради законските измени и преминување на регистарот од МВР во Основните судови, регистрирана е 30.03.1999 година во Основен Суд во Прилеп.
Детската Амбасада претставува невладина, непартиска и непрофитна, меѓународна хуманитарна организација за грижа и заштита на правата на децата ветени со Конвенцијата и Декларацијата на ООН за правата на децата. Во своето долгогодишно работење Детската Амбасада ја пратат придружни членки како Центри, Фондови и други облици на организирање. Детската Амбасада има реализирано многубројни активности за ресоцијализација и правилен психо-физички развој за повеќе од 15 000 деца и посреднички учествувала во повеќе од 1000 поедини случаи помеѓу децата и институциите. Стотици реализирани проекти од локално, национално и интернационално значење ја одбележуваат организационата и сериозна улога во општеството на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот. Основните цели на единственото дејствување се: развојот на хуманистичкото општество, едукацијата, социјализацијата, културализацијата, волонтеризмот, еколошката свест и другите демократски вредности, кои се посветени на децата за остварување на нивните права и реализација на нивните обврски.

Детската Амбасада своите активности, во намера на остварување на Програмските Задачи, им ги посветува на сите деца, без разлика на расна, етничка, јазична, полова, верска и било која друга определба на децата, од сите целни групи: редовни деца членови, деца без родители, деца на загинати бранители, деца со пречки во развојот, деца со даутов синдром, деца со церебрална парализа, деца глуви и наглуви, слепи деца, деца од социјално дисхармонични семејства, и сите други деца и млади кои се на возраст од 0-18 односно до 21 година возраст.

Детската Амбасада за Сите Деца во Светот во своето индивидуално и колективно членство, од домашниот и меѓународниот регистар, брои 21 000 членови.

Едукативен Центар “4-ти Јули“, Центарот за дипломатија, Фондот за деца на загинати бранители, претставуваат придружни единици од составот на Амбасадата, кои допринесуваат во реализацијата на програмските задачи.

Детската Амбасада во светот ја претставуваат 7(седум) Генерални Конзулати и 3 подготвителни мисии.

Едукативениот Центар „4-ти Јули“ има едуцирано над 4000 деца, во најразлични области, од едукација за англиски, германски, шпански и италјански јазик, до компјутерска, драмска, математичка, музичка, еколошка, спортска и педагошка едукација.

Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го организира традиционалниот „Божичен Ручек“ од 2006 година во кој учествувале до сега повеќе од 4000 деца.

Детската Амбасада традиционално ги организира и реализира летните и зимските активности за своите членови, во кои активности до сега учествуваа 5000 деца.

Детската Амбасада е водечка организација во Република Македонија и регионот со реализацијата на меѓународните посети на децата за запознавање на културните и историските знаменитости на земјите од Регионот, Европа и Светот. Целта на ваквите активности е градењето на мостови на пријателство помеѓу народите. До сега во овие активности учествувале повеќе од 500 деца.

Детската Амбасада го доделува престижното признание за посебен придонес за децата и придонес во градењето на хуманистичкото општество „Орден за носител на мирот“ за чии добитници се известува Одделот за јавни информации на Организацијата на Обединетите Нации (DPI of UN). Детската Амбасада доделува и „Плакета пријател на децата“, благодарници и пофалници, на сите поддржувачи на нашите активности во намерата на реализацијата на интересите на децата.

Детската Амбасада во реализација на своите активности склучува партнерства со домашни и меѓународни организации, како што се USAID-Американската Агенција за Меѓународен Развој, ИТЗ, ЦПНВО и др, како и со партнери од јавниот и приватниот сектор (Министерства, ЕЛС, АД, ДОО, ДООЕЛ и др.)

За своите активности Детската Амбасада за Сите Деца во Светот има добиено многубројни поддршки и признанија од Претседатели на држава, Претседатели на Влади, Претседатели на Парламент, Министри и дипломати, во земјава и од светот.

Детската Амбасада за Сите Деца во Светот продолжува со сериозниот пристап на своите активности кон општествената одговорност, и натаму застапувајќи ги и организирајќи ги активностите за децата, со намера во остварување на нивните права и исполнување на нивните обврски.