Донации

Сподели:

donation-box-cullinane-law

Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го реализира традицоналниот Проект „Од децата за децата“, кој што е во координација со седумте Основни Општински Училишта од Прилеп, Раководителот на Сектор за Општи и Административни работи на Општина Прилеп, но и во соработка со Центарот за Социјална Работа од Прилеп.

Целта е да се разбуди духот на јасен придонес на секој ученик во градењето на хуманистичкото општество. При тоа децата донираат средства (пари, храна, облека, играчка или материјал за лична хигиена) за деца, но и за возрасни. При секоја донација учениците пишуваат и своја порака за овие деца, по повод Велигденски празници, односно Новогодишните празници, со надеж дека ќе придонесат достојно да се поминат истите. Донациите лично се предаваат во просториите на Детската Амбасада, на семејства со повеќе деца, од страна на Дете Амбасадорот Н.Е. Јана Неделкоска. Детската Амбасада во соработка со Центарот за Социјални Работи од Општина Прилеп ги избира семејствата на кои им се доделува донацијата.

Овај традиционален проект покрај донациите од децата од Основните Општински Училишта, го помагаат и искрените пријатели на децата, кои несебично даваат придонес во градењето на хуманистичкото општество.