Меѓународен ден на Планетата Земја

Сподели:

По повод 22 април Меѓународниот ден на Планетата Земја, децата координатори при Детската Амбасада за Сите Деца во СВетот, во соработка со учениците од ООУ „Пецо Даскалот“ – с. Долнени, успешно реализираа работилница на тема „Ден на Планета Земја“.


Работилницата предвиде работа во 4 групи, каде што децата од Детската Амбасада, Божица Радеска, Теодора Димовска, Стефанија Михајлоска и Ненад Кулески, беа во улога на лидери, а останатите во групата ја изработуваа зададената задача на хамер за кој следеше и презентација. По презентацијата на групите, следеше презентација на Барбара Мицеска, која го вклучи и документарниот филм „Затворено заради оддржување“, од Проектот на Македокс – Ние сме визуелни, за кој следеше и дискусија, а ја водеа Теа Димоска и Сара Талеска, а презентацијата ја изработи Горазд Шошески.


Пред самиот крај на учениците им се поставија прашања и се заклучи дека работилницата беше успешна, а на крајот следеше засадување на дврвцата во знак на Меѓународниот ден.
Целта беше постигната, децата исполнителни со внимание ги изработија зададените задачи и беа активно вклучени во работилницата.
Благодарност до Општина Долнени, ООУ„Пецо Даскалот“ од с. Долнени и Арт Гарден Центар од Прилеп, кои што допринесоа за успешната реализација.