17 години Детска Амбасада за Сите Деца во Светот

Сподели:

17 god

Денес е посебно значаен ден, една година пред полнолетството Детската Амбасада во Прилеп да ја презентираме својата веб страна. Оваа врб страна покрај информативните содржини, содржи и значајни содржини за децата и за нивниот правилен психо-физички развој. Самата контактибилност и пристапот до информациите даваат можност за децата СОС да не контактираат за најразлични совети. Значи обој проект не е само презентација на информативен сајт туку претставува електронско едукативно-културолошко и советодавно катче за децата во чекор со модерната напредна технологија.

Самата контактибилност и пристапот до информациите даваат можност за децата СОС да не контактираат за најразлични совети. Значи обој проект не е само презентација на информативен сајт туку претставува електронско едукативно-културолошко и советодавно катче за децата во чекор со модерната напредна технологија.Посебно радува фактот што на денешната презентација на веб страната по повод 17 години Детска Амбасада и 25 години од Конвенцијата за правата на децата на ООН, што без малку претставува устав на нашата организација. Детската Амбасада искористувајќи го присуството на промоцијата, за соработка лично на Градоначалникот на Прилеп, Г-дин Марјан Ристески, како и на Рководителот на Сектор во ЕЛС на Општина Прилеп, Г-дин Марјан Матракоски, им се заблагодари за дадената поддршка и сериозни намери во соработката, како и на сите директори на општинските основни и средни училишта им додели Благодарница за успешна соработка во интерес на децата, посебно за реализација на значајните активности од локално, национално и интернационално ниво опфатени со проектот – Градиме мостови на пријателство – кој одбележува 3 години од одпочнување со реализација во соработка со овие училишта. Затоа од самиот почеток на нашиот сајт пропратно со логото на Детската Амбасада не пратат и логоата на нашите партнери УСАИД Македонија и Општина Прилеп.

Посебно радува фактот што денес пред почитуваните присутни гости се промовираат и активностите од втората фаза на проектот – Хари Потер – кој опфати реновирање и прилагодување на соодветниот простор за реализација на нашите значајни активности во кои активно учество се вклучени повеќе од 600 деца секој месец.

Leave a Reply

Your email address will not be published.