Доделување на дипломи на над 200 деца

Сподели:

Доделување на дипломите на над 200 деца од нашиот Прилеп, кои успешно ги завршија јазичните сесии по:англиски јазик, германски јазик, италијански јазик, шпански јазик, веб дизајн и математика, на Детскиот Едукативен Центар “4-ти Јули“ во Прилеп, кој постои 14 години. Децата можат да ги користат дипломите за да го покажат своето стекнато знаење, како од јазиците, така од веб дизајн и математика.

 


„Со самото создавање на условите за работа кои секогаш ни се приоритет за доброто на децата, интересот кај децата е многу голем. Квалитетниот кадар, друштвената атмосвера и сите вклучителни едукативно-социјални општетвени активности кои ги реализира Детската Амбасада се јасен придонес во градењето на хуманистичкото општество, како на локално така и на национално и меѓународно ниво. 

 


Нашите врати се секогаш отворени за сите деца. Наш совет е децата да побрзаат да го изберат својот јазик кој сакаат да го знаат, да зборуваат и да комуницираат со светот, ги повикуваме да дојдат и да го изберат во Детската Амбасада. Покрај јазиците во изминатата година за прв пат беа воведени сесии по веб дизајн и математика, кои како нови сесии беа задоволително посетени и со постигнати добри резултати“ – Раководител на едукативниот центар,г-дин Филип Ачкоски.
Помеѓу сите овие прекрасни деца, на предлог на Детскиот Едукативен Центар „4-ти Јули“ неколку деца кои посебно се истакнаа во оваа учебна година Детската Амбасада ги вклучува во летните кампови кои традиционално ќе се одржат и оваа година во Охрид“.

 

 


Оваа година Детската Амбасада за Сите Деца во Светот преку Детскиот Едукативен Центар „4ти Јули“ зеде учество на Интернационалниот Проект „Ноќ со Андерсен“, за кој на сите учесници раководителот им додели Пофалници за учество во пороектот, кој беше успешно реализиран.