Конкурс за поезија и проза – „Солунските браќа сонце на Словенските народи“

Сподели:

По повод денот на Македонските просветители Св Кирил и Методиј, Едукативниот центар при Детската Амбасада за Сите Деца во Светот за прв пат оваа година зеде учество на конкурсот за поезија и проза, каде што со свои творби настапуваа и наши членови, на тема: „Солунските браќа сонце на Словенските народи“. Овај конкурс се одржа во Куќата на уметноста во с.Кнежино – Кичевско, а во организација на МБП (Македонско – Бугарско пријателство) од Скопје. Свои обраќања имаа и Амбасадорот на Република Бугарија, Н.Е. г-дин Иван Петков, аташето за култура на г-ѓа Антонија Валева, како и Претседателот на здружението г-дин Петар Колев.


На овој конкурс добитник на второ место беше нашиот член Барбара Мицеска, која покрај пофалницата доби и таблет од претседателот на здружението, а останатите членови добијаа пофалници за учество на натпреварот.
На овај конкурс учествуваа деца од повеќе градови од Република Македонија, како Кичево, Прилеп, Гостивар, Скопје и Охрид, а се надеваме дека нашите членови ќе земат учество и во иднина.