Детската Амбасада За Сите Деца Во Светот согласно проектот,, Заедно посилни” организираше работилница на која децата координатори ги презентираа резултатите од претходно спроведеното истражување во кое учествуваат 496 деца од основните училишта на Општина Прилеп од сите одделенија, пополнувајќи го online анкетниот прашалник.
Водени од предизвикот, дали децата ги знаат своите права, колку тие се почитуваат и каде би се обратиле во случај на повреда на детските права беше спроведена и работилницата каде клучни точки на елаборација беа:
°Поим и значење на детските права
° Законот за заштита на детските права
°Конвенција за заштита на правата на децата
°Резултати од истражувањето
(Истражувањето ќе биде достапно на нашата официјална web страна)
Сите деца се еднакви!
Секое дете има право!
Да ги почитуваме нивните права!