Новогодишна програма „Покажи што знаеш“

Сподели:

cimg8491Новогодишната програма „Покажи што знаеш“ е од хуманитарен карактер, проовираќи ги вредностите на еднаквост во општеството. Основна цел, преку почитување на човековите права и воопшто правата на детето, е промоцијата на еднаквоста во општеството на сите деца.

Целна група на оваа програма се децата со посебни потреби (деца со психо-физичка попреченост, деца со церебрална парализа, деца со даутов синдром, деца со аутизам).

Децата на овој начин ги истакнуваат стекнатите свои знаења, но и своите таленти, а програмата ја приредуваат за децата на кои им е потребна презентација за едноквост кон општествените вредности во намерите за градење на хуманистичкото општество.

Носител на ваквите активности е Дете Амбасадорот на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, а активностите се реализираат секогаш во последниот петок пред Новата Година. Соработник во реализацијата на активностите од оваа програма традиционално е ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп, со децата од посебните паралелки.

До сега овие активности се реализирани пред повеќе од 300 деца, а во самата активност имаат учествувано приближно до сега 450-500 деца вкупно.

Партнери во реализацијата на оваа програма се хотелот „Кристал Палас“ во Прилеп, каде се организира реализацијата на активностите и „93 ДЕ-НИ Компани“ од Прилеп.

Во намера на традиционалното пријателство разменети се Благодарници и Пофалници помеѓу Детската Амбасада и ООУ „Климент Охридски“, како и искажаната благодарност кон поддрувачите на оваа активност.