Летна програма

Сподели:

cimg0206Од летото 1999 година, Детската Амбасада за Сите Деца во Светот секоја година традиционално организира летни кампови за децата од нашите целни групи. Со оваа програма се опфатени: децата без родители, децата болни од церебрална парализа, децата на загинатите бранители, деца со пречки во развојот, деца од дисхармонични семејства и редовни деца членови на Детската Амбасада.

Активностите започнаа со првите летни кампови во Конгресниот центар во Охрид (Универзитетско одморалиште), Одморалиштето Младост, хотелот „Престол“ и Специјалната Детска Болница во Охрид. Во 2002 година се одржа првиот камп во Хотелот Застава во Охрид за децата на загинатите бранители. За жал после затворањето на Специјалната Детска Болница во 2008 година престанаа да се реализираат и нашите летни активности за децата болни од церебрална парализа насловени како „И ние сме иднината“, поради немање друг соодветен простор за намените и потребите на децата од оваа целна група во Охрид.

Денес традиционално децата од нашите целни групи се активни во три традиционални кампови кои се одржуваат во хотелите: „ИНЕКС Горица“, „Гранит“ и „Пела“.

Целта е многу јасна и од неприкосновено значања за ресоцијализација и правилен психо-физички развој на децата, остварувајќи го правото на одмор, преку дружење, културно и духовно воздигнување и едукација за нега на традицијата и историјата. Благодарение на бизнис партнерите кои се исклучително општествено одговорни и овозможуваат реализација на овие активности, даваат посебен придонес за развојот на свеста кај децата за општествените вредности. <

Детската Амбасада за Сите Деца во Светот во своето постоење има реализирано летни активности за повеќе од 5000 деца. <

Ваквите активности со големината на општественото значење на национално и меѓународно поле јасно се поддржани од Претседателот на Владата на Република Македонија и ресорните министерства.