Градиме мостови на пријателство

Сподели:

cimg0638Проектната програма „Градиме мостови на пријателство“ е меѓународна програма за децата од Република Македонија и Светот, која се реализира преку Центарот за дипломатија на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот.

Оваа програма има за цел да воспостави искрени пријателства помеѓу децата, во намера на негување на историските и традиционални пријателства помеѓу народите, со запознавање на различни култури, традиции и јазик, како и промоција на споствените традиционални вредности, култура и јазик, во насока на меѓусебно почитување.

Во оваа програма се вклучени деца од сите целни групи со кои работи Амбасадата, со примат на социјално-ранливите категории. Децата го шират духот на пријателството и остваруваат контакти кои доведуваат до долготрајни врски и пријателства преку социјалните мрежи, помеѓу децата од државите. До сега оваа програма опфатила повеќе од 500 деца.

Во оваа програма се вклучени деца од сите целни групи со кои работи Амбасадата, со примат на социјално-ранливите категории. Децата го шират духот на пријателството и остваруваат контакти кои доведуваат до долготрајни врски и пријателства преку социјалните мрежи, помеѓу децата од државите. До сега оваа програма опфатила повеќе од 500 деца.

Ваквите активности започнаа во 2005 година со посета на децата од Република Србија и Црна Гора на заедничко дружење со децата од Македонија. Од големо значење е што прв пат во историјата на светот децата од СЦГ влегоа во Република Македонија без патни исправи во знак на искрено пријателство меѓу двата народи, под мотото: „Каде што почнува светот со граници, таму завршува нашето детство“.

Со ваквите пријателски намери реализирани се посети на: Република Србија, Република Грција, Република Бугарија, Република Хрватска, Република Турција, како и возвратни посети во Република Македонија од децата на нашите пријателски народи и држави. Во 2008 година се реализираа ваквите намери и со Државата Израел, но поради технички пропуст со визниот режим групата се врати од Тел Авив. Само 1 месец подоца, од 1 мај стапи безвизниот режим помеѓу Република Македонија и Државата Израел. Нашите искрени пријателски намери за здружување, соработка и размена на искуства со остварување на целите од оваа програма помеѓу децата од овие две држави продолжуваат.

Посетени се голем број на знаменитости, како дворци, тврдини, музеи, природни богатства и други институции од областа на културата, преку кои се градат демократските општествени вредности, но и националните вредности за традицијата, историјата и културата, со нивното запознавање и почитување, како помеѓу децата, така и помеѓу народите.

Оваа проектна програма е од посебно значење за Република Македонија затоа што ги презентира нашите општестевни вредности ширум светот, со намера и во насока на градењето на мостови на пријателство помеѓу народите.