Божиќен Ручек

Сподели:

†
†

111111 Идејата за една заедничка трпеза со промоција на вистинските традицонални вредности на македонското општество започна 2005 година. Во 2006 година на ден Божиќ, 07 јануар, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, се собраа 500 деца од сите краеви на Република Македонија, од сите целни групи, заедно и единствени, прославувајќи го Раѓањето Христотово, славејќи, дружејќи се, забавувајќи се, сите како едно, без разлика на нивната верска припадност или религиозна група, без разлика на нивната етничка припадност, без разлика на мајчин јазик, и било која друга определба. Децата беа само деца.

Божиќниот Ручек се одржува традиционално со Благослов на Македонската Православна Црква. Основната цел е промоција на вредностите на почитување помеѓу децата во мултикултурното македонско опшество. Главните цели се реализираат во насока на социјализација и ресоцијализација на децата, правилен психофизички развој и едукација од областа на културата и традиционалните вредности.

Активно учество на Божиќниот Ручек земаат децата од сите целни групи и тоа: деца без родители, деца на загинати бранители, деца со пречки во развојот, деца болни од церебрална парализа, деца глуви и наглуви, деца со аутизам, истакнати и наградувани деца од државата и деца активни членови на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот. Децата се од различна верска припадност: православни христијани, католици, протестанти, муслимани, евреи, и од другите религиозни групи и сите активно учествуваат во дружењето и прославата на овој ден.

Од 2006 година до 2008 година, кога и се изгради како значајна манифестација за општествените вредности во Република Македонија, Божиќниот Ручек се одржуваше во реномираниот хотел „Александар Палас“ во Скопје под генерално покровителство и спонзорство на „Фершпед“ А.Д. од Скопје. Од 2010 година оваа традиционална манифестација се пресели во Прилеп, во прекрасниот хотел „Кристал Палас“. Актуелен генерален спонзор на оваа значајна манифестација е ЕВН Македонија. Од 2011 година активно покровителство за настанот, врз основа на значењето на Божиќниот Ричек за Градот под Марковите Кули и воопшто за државата, презеде Градоначалникот на Општина Прилеп.

Во 2006 година Божиќниот Ручек го Благослови Неговото Високопреосвештенство Господин Методиј, Митрополит Американско-кандаски, во 2007 година Благословот го даде лично Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, Господин Господин Стефан, а во 2008 година Божиќниот Ручек го Благослови Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски, Господин Стефан. Од 2010 година во сите 5 изминати години традицоналниот настан од национално значење Божиќниот Ручек го Благословува Неговото Високопреосвештенство Господин Петар, Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски.

Настанот носи и музичко-културна традиција, каде децата другаруваат со Хорот „Златно Славејче“ од Скопје, Хорот „Ѕвончина“ од Битола и Хорот „Ѕвездички“ од Прилеп, како и децата од фестивалите „Златно Славејче“ и интернационалниот фестивал „Ѕвездички“. Настанот го посетиле многу естрадни ѕвезди, а посебно е значајно другарувањето на децата со Калиопи и Кристијан Кико Тодороски.

До сега на овој настан дирекно се вклучени 4000 деца од Прилеп, Скопје, Битола, Тетово, Куманово, Струмица, Гостивар, Кавадарци, Ресен, Велес, Штип, Охрид, Струга и другите градови и населени места од Република Македонија.

На настанот традиционално се доделуваат Новогодишни пакетчина за сите деца. Секое дете добива благословено крвче во знак на симболот на верата и славењето на Христовото Раѓање. Децата добиваат и најразлични други подароци, како и лично доделените книги за секое дете од почитуваната поетеса Мирјана Селчанец Ристеска. Традиционално на Божиќниот Ручек се доделува престижното меѓународно признание „Орден за носител на мирот“, како и плакети, благодарници, пофалници, на истакнати поддржувачи на активностите на Детската Амбасада.