Фонд за деца на загинатите бранители

Сподели:

activity1

После конфликтот во Република Македонија во 2000/2001 година, Детската Амбасада за Сите Деца во Светот организираше низа активности за децата чии родители загинаа како припадници на безбедносните сили. Вкупно 85 деца од кои 5 деца се посмртно родени. Нашите активности се поддржани од Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана на Република Македонија.

Согласно потребите кои произлегуваа на најразличните средби и дружења со децата од оваа целна група, во соработка со Независниот Полициски Синдикат и Независниот Синдикат на Вработените во Одбраната, со поддршка на Министерствата за внатрешни работи и за одбрана, под покровителство на Претседателот на Комисијата за европски прашања во Собранието на Република Македонија, Г-дин Тито Петковски, во декември 2006 година е потпишан Декларативен договор и Спогодба за основање на Фондот за децата на загинатите бранители, со основна цел за грижа во остварувањето на своите права на децата од оваа целна група, нивна ресоцијализација и воспитно-едукативни тренинзи за правилен психо-физички развој.

Како активности кои традиционално се одржуваат е Зимскиот Камп „Зима за оваа година“ кој се реализира повеќе од 12 години, со поддршка на МТСП и ЈП „ЕЛЕМ“ АД од Скопје.

Како посебни програмски активности, а кои ги опфаќаат децата кои се целна група на овој фонд, се реализирани преку летни кампови, дружења во Мек Доналдс рестораните, викенд дружење во Манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, викенд за самохраните мајки во Маврово, и многу други средби и дружења во намерите за остварување на целта.

Значењето на овој Фонд е неприкосновено, како за Република Македонија, така пред се за децата и семејствата на загинатите бранители, во намерите и насоките на остварување на законските права и ресоцијалните програми за повторна општествена интеграција.

Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, работата на програмските активности за децата од оваа целна група ја координира со МВР и МО на РМ преку своите координатори во двата ресори.

Грижата и намерите за поддршка на децата од оваа целна група остануваат и понатаму во приматот на нашата организација.