Успешно реализирана и последната активност од Проектот „Ноќ со Андерсен“. Децата, а и нивните родители, со задоволство учествуваа во оваа реализација.
Со многу возбуда децата, по испраќањето на нивните родители и спремањето за спиење, илустрираа спомени од успешно реализираните активности и како тие поминаа толку бразо, но со надеж дека и оваа година повторно ќе учествуваат во овој интернационален проект.
Целта е постигната, преку низата на реализираните активности се запознавме, напрвин со животот и делото на Ханс Кристиан Андерсен, неговите бајки, кои со внимание ги слушавме за лесен сон. Цврстината на овај проект е засадувањето на дрвото во дворот на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, кое секогаш ќе го негуваме и ќе не потсеќа на реализираните активности, но и на самиот Ханс Кристијан Андерсен.
Тимот од Едикативниот Центар при Детската Амбасада за Сите деца во Светот со задоволство го прифати учеството за овај интернационален проект „Ноќ со Андерсен“ и сите активности ги реализира со многу љубов, труд и посветеност, но и се надева дека ќе земе и ново учество оваа година.