Работилница „Ден на лицата со аутизам“

Сподели:

По повод денот на лицата со аутизам реализирана е работилница за запознавање со поимот аутизам, дискриминација, стереотипи и предрасуди, инклузија и инклузивно образование.

Работилницата траеше 90 минути, а децата со внимамие ги следеа зададените задачи и успешно ги реализираа. Децата го гледаа документарниот филмот „Дрона и јас“ и се запознаа со Дрона, дете со аутизам, но и со улогата на неговиот брат. После филмот следеше разговор.

Целта беше постигната, децата се запознаа со поимот аутизам, но и со лицата со аутизам, нивното прифаќање во општеството сега, но и како би требало да бидат прифатени во иднина. Ги увидоа разликите за кој се дискутираше, но за крај напишаа и по една нивна животна желба, која треба да им се оствари во следните 10 години, како и кај Дрона, кој животна желба му е да стане шофер на автобус.