Пресконференција по повод Божиќниот ручек 2017

Сподели:

Обраќање на Извршниот Директор, г-ѓа Александра Северкоска Стојаноски:

„Дозволете ми најпрво од името на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, како и од мое лично име, да упатам честитка до сите вас присутните и македонската јавност по повод Новогодишните и Божиќните празници, со желби за љубов, мир, здравје и благосостојба.

Ви благодарам за вашето присуство и што денес сте тука да го најавиме највеселиот настан за децата кој ја одбележува годината, Божиќниот Ручек. Значи оваа година по 11-ти пат, традиционално, во организација на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, во хотелот „Кристал Палас“ во Прилеп, со почеток во 12:00 часот, 500 деца ќе се дружат на свечен Божиќен Ручек и ќе го слават Христовото раѓање. Оваа година, по 8-ми пат на оваа прослава Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го доделува престижното признание за општествена одговорност ОРДЕН ЗА НОСИТЕЛ НА МИРОТ. Оваа година ова меѓународно признание му го доделуваме на ЕЛЕМ – ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА од Скопје.

Како што споменав, 500 деца од целата територија на Република Македонија на заедничка трпеза ќе го прослават Божиќ, денот на Христовото раѓање, и на таа заедничка трпеза ќе седнат: деца без родители, деца на загинатите бранители, деца со посебни потреби, како и истакнати деца – членови на Детската Амбасада. Децата се од Прилеп, од Скопје, Ресен, Тетово, Битола, Струмица и од другите градови ширум државава. Исто така, како во нашите програмски задачи и Конвенцијата за правата на децата за еднаквоста на децата, а во интерес на нашето мото „Едно небо за сите деца“ на оваа Божиќна трпеза имаме покането и деца од другите верски заедници, од исламската, католичката, еврејската и евангелско-методистичката, кои заедно ќе се дружат и ќе празнуваат. На сите деца ќе им се доделат пакетчина за слатки сеќавања на Божиќниот Ручек, за кои се погрижи Градоначалникот на Општина Прилеп г-дин Марјан Ристески.

Божиќниот Ручек ќе го благослови Неговото Високо Преоствештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиско и Новозеландски, Господин Петар. За збогатување на свеченоста ќе се погрижат членовите на Академијата за Естрадно пеење „Ѕвездички“ од Прилеп, македонскиот претставник во Пинковите Ѕвездички, Мина Блажев, Преставничката на Македонија на ланската Детска Евровизија, Магдалена Алексовска, но и добро познатите естрадни Ѕвездички, Сара Гигова и Љупка Арсовска. Оваа година покрај членовите на Академијата за естрадно пеење „Ѕвездички“, за уште повесела забава на овој Божиќен Ручек, ќе настапат и македонскиот идол Христијан Тодороски и нашата ѕвезда од Ѕдездите на Гранд, Ален Хасановиќ.

И оваа година, покрај добитникот на Орденот за носител на мирот, ќе има и доделување на ПЛАКЕТА ЗА ПРИЈАТЕЛ НА ДЕЦАТА, за кои Детската Амбасада за Сите Деца во Светот одлучи да ги додели на најзаслужните, а тоа се: А.Д. „Алакалоид“ од Скопје, Хотел „Инекс Горица“ од Охрид и за нашиот Христијан Тодороски, кој веќе 5 години се дружи со нас на Божиќниот ручек.

Организацијата на овој 11-ти по ред Божиќен Ручек за 500 деца успешно се реализира благодарение на пријателите на децата и Детската Амбасада, Покровителството на Градоначалникот на Општина Прилеп, Г-дин Марјан Ристески, Алкалоид А.Д. од Скопје, Охридска банка од Скопје, А.Д. Реплек од Скопје, Кромберг и Шуберт од Битола, Дрексел Мајер од Кавадарци, Жикол од Струмица, Прилепска Пивара од Прилеп, ИМБ Млекара А.Д. Битола, Маркоски К73 од Струга  и Медиа Принт Македонија од Скопје. Медиумски покровители на овој настан се: Канал 5 Телевизија, Алфа Телевизија, Македонската Радио Телевизија, Наша ТВ Телевизија, Тера Телевизија, Канал Визија, Телевизија Л, Сити медиа, Акцент медиа, дневните весници Дневник, Утрински Весник и Вест, веб порталите Плус Инфо, Репортер, Бриф, Револуционер, 10без10, Шеталиште ,Маркукуле и радијата Холидеј и Радио 5“