Посета од г-дин Владо Илиевски „Алкалоид“ А.Д. од Скопје

Сподели:

Детската Амбасада за Сите Деца во Светот беше посетена од г-дин Владо Илиевски, претставник на компанијата која што е долгогодишен пријател на децата и важи за една од најопштествено одговорните компании во Република Македонија, „Алкалоид“ А.Д. од Скопје.

Членовите на Детската Амбасада му посакааа топло добродојде и се запознаа со работата на оваа компанија, а за возврат од нашиот мил гостин беа почестени со чаеви од нивно производтво, за сладко сеќавање на ова дружење. Во знак на благодарност за дадената неизмерна подршка, Извршниот директор на Детската Амбасада, г-ѓа Александра Северкоска Стојаноски, му ја предаде Плакетата – Пријател на децата.