Отворање на Детски Генерален Конзулат во Гоес, Кралството Холандија

Сподели:

07.02.2017 година. Детската Амбасада за Сите Деца во Светот со големо задоволство во длабока доверба и искрено пријателство, ги предаде акредитивите со намера за отворање на Детски Генерален Конзулат во Гоес, Кралството Холандија, на Проф.Д-р. Кеес ван де Воув.

Беше големо задоволство што наши гости во Прилеп беа делегација предводена од Ректорот на Гетијде Колеџ од Холандија. Делегацијата заедно со претставници од Детската Амбасада беше примена од Градоначалникот на Општина Прилеп, Г-дин Марјан Ристески. Музејот за тутун при Институтот за тутун. На пригодна свеченост во хотелот „Кристал Палас“ во Прилеп, од името на Детската Амбасада акредитивните писма ги предаде Извршниот Директор, Г-ѓа Александра Северкоска Стојаноски.

Извршниот директор истакна дека ова ново пријателство со Холандија е многу значајно за Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, значајно за претставувањето на нашето културно богатство и убавините кои што ги носи нашиот град Прилеп и посебно подвлече дека значењето за децата од двете држави и двата пријателски народи е во насока на градење на мостови на пријателство на цврсти и искрени темели. Оттаму му посака успеси во натамошното поле на дејствување на Г-динот ван де Ваув.

Г-динот ван де Воув истакна дека со посебна радост ги прима акредитивите и дека задоволството ќе биде двострано со придонес кон градењето на хуманистичкото општество во интерес на децата, како од Холандија, така и од целиот свет.

Претходно делегацијата од Холандија, придружувана од домаќините од Меѓународниот Славјански Универзитет во Битола, потпиша договор со А.Д. „Витаминка“ од Прилеп за промовирање и застапување на производите на оваа фабрика во Бенелукс -Белгија, Холандија и Луксембург. Исто така делегацијата од Холандија ја посети Фабриката „Кривогаштани промет“ во Општина Кривогаштани, каде се заинтересираа за здравата храна која се произведува во Македонија.