Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го реализира традицоналниот Проект „Од децата за децата“, кој што е во координација со седумте Основни Општински Училишта од Прилеп.
Целта е постигната и се разбуди духот на јасен придонес на секој ученик во градењето на хуманистичкото општество. При тоа децата донираа средства (пари, храна, облека, играчка или материјал за лична хигиена) за деца, но и за возрасни. Донациите лично се предадени во просториите на Детската Амбасада на 10 семејства од социјален статус.
Во овај проект покрај донациите од Основните Општински Училишта, свој придонес даде и компанијата „РИ-ЛЕ ДЕКОР“ од с.Пепелиште, која донираше велигденски украси кои беа продадени на пазарот на велики петок пред големиот празник Велигден, за што Детската Амбасада им благодари за новото пријателство.