Меѓународен ден на мајчиниот јазик

Сподели:

По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, во големата сала на Општина Прилеп, по петти пат го организираше литературното читање во поезија и проза на мајчин јазик на слободна тема. Учество зедоа основните училишта од Општина Прилеп, Општина Долнени, Општина Кривогаштани и Општина Крушево.
Учество зедоа дваесет и четири ученици кои се преставија со своите творби на Македонски, Турски, Босански, Влашки и Ромски јазик.
Комисијата која ги оценуваше учесниците ја сочинуваа: г-ѓа Цветанка Стојаноска, наставник во ООУ„Гоце Делчев“ од Прилеп, г-ѓа Соња Кировакова, наставник во ОУ„Ѓорче Петров“ во с.Ропотово, г-ѓа Надица Нане, наставник во ОУ „Никола Карев“ од Крушево и г-ѓа Мирјана Јованоска, наставник по македонски јазик во ООУ „Гоце Делчев“ од Прилеп и претседател на жири комисијата.
– Покрај големата конкуренција и тешката одлука, комисијата оцени Лауреатот, оваа година да го додели на Лејла Јаховиќ од ОУ „Пере Тошев“ од с.Дупјачани, под менторство на наставничката г-ѓа Валентина Крстеска.
Се доделија и три места во проза, а првото место е доделено на Исидора Николоска од ООУ „Добре Јованоски“ од Прилеп, под менторство на наставничката по македонски јазик г-ѓа Јагода Волческа, второто на Марија Котева од ООУ „Гоце Делчев“ од Прилеп, под менторство на наставничката по македонски јазик г-ѓа Билјана Јагуриноска, и третото на Марија Јовеска од ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп, под менторство на наставничката по македонски јазик г-ѓа Јулијана Талеска. Првото место во поезија беше доделено на Атанас Ташкоски од ООУ „Никола Карев“ од Крушево, под менторство на наставничката по македонски јазик г-ѓа Маја Митева-Петроска, второто место го делеа Мелиса Љутвиоска од ООУ„Ѓорче Петров“ од с.Ропотово под менторство на наставничката г-ѓа Соња Кировакова и Маида Хасановиќ од ООУ „Мирче Ацев“ од с. Лажани, под менторство на наставничката Амра Шкријељ и третото место го делеа Теодора Селукоска од „Никола Карев“ од Крушево, под менторство на наставничката Надица Нане и Уриме Дурмоска од ООУ „Али Фетахи Окјар“ с. Дебреште, под менторство на наставничката г-ѓа Даниела Стеваноска.
Добитникот на Лауреатот покрај добиената диплома ќе биде наградена со вклучување во Летниот камп, кој го организира Детската Амбасада за Сите Деца во Светот. За останатите места беа доделени дипломи и книги за својот успех, а на останатите учесници и ментори, пофалнци за учество, а им ги додели од претседателот на комисијата г-ѓа Мирјана Јованоска.
Особена благодарност до градоначалникот на Општина Прилеп, г-дин Борче Јовчески и на неговиот тим, за дадениот придонес кон ова традиционално литературно читање, кое е од големо значање пред се за градот, но и за нашата држава.
Оваа организација е заслуга на децата координатори од основните училишта од Прилеп, кои работат на активности и проекти во Детската Амбасада за Сите Деца во Светот