Летен камп хотел „Инекс Олгица“ Охрид

Сподели:

Реализација на традиционалната Летната програма на Летниот камп 2022 во хотел „Инекс Олгица“ во Охрид во период од 26 јуни до 02 јули, со група од 22 деца. Покрај природните убавини на Охридското езеро и можностите кои ги нуди прекрасниот Хотел „Инекс Олгица“, децата учествуваа во работилници, игри, истакнувања, кои ги предвидува самата програма, се со цел за правилен психо-физички развој на децата. Целта беше исполнета, децата иако од различна возраст успешно ги решаваа предвиденити активности. Оттаму, овој традиционален проект е од големо значење за децата од нашата држава и најголемата благодарност оди кај секогаш гостопримливите домаќини од хотелот.