Зимски кампови

Сподели:

cimg8646

Со потребата од значењето на програмата за ресоцијализација врз децата на загинатите бранители, во 2002 година започна организацијата на зимските кампови насловена како „Зима за оваа година“.

Првите зимски активности се организираа во ЈУ ДО „Пелистер“. Незаборавен момент од овие активности е заедничкото дружење на децата од Република Македонија и Република Србија и Црна Гора во 2005 година (камп: Зима 2005).

Зимските кампови традиционално се одржуваат секоја година. Тие се одржуваа на различни локации, како Пониква (Мотел „Изгрев“), хотел „Бисер“ во Крушино, хотел „Молика“, а веќе неколку години со ред се одржуваат во хотел „Славија“ на Попова Шапка.

Преку програмата за зисмки активности, во 2011 година се одржа прекрасниот камп во Банско, Република Бугарија, каде децата се дружеа со своите другари од оваа соседна земја со намерите за градење на мостови на пријателство.

Примарна целна група вклучена во реализација на зимските активности се децата на загинатите бранители, а програмски за остварување на целите зададени со овие активности се вклучуваат и сите деца од нашите целни групи.

Целта е јасна и секогаш успешно реализирана, за ресоцијализација и социјализација на децата преку програмата за толеранција и ненасилно дејствување.

За ваквите активности јасна е институционалната поддршка преку нивната општествена одговорност, како и поддршката на ресорните министерства, но и од членови на дипломатскиот кор во Република Македонија.