Запознај ја Македонија, за да ја засакаш повеќе

Сподели:

Една од најзначајните програми која се реализира од самото основање на Детката Амбасада е програмата за запознавање на сопствената држава Република Македонија, со сето свое културно-историско и природно национално богатство.


За таа цел беше предвидена, дводневна посета на Струмичкиот регион. Програмата започна со посета на Националниот локалитет „Стоби“, каде што децата беа запознати со историјата на овај локалитет од страна на водич. Потоа групата се упати кон Струмица и ја посетија општината. Во општинската сала на советот на Општина Струмица, претставници на општина Струмица им посакаа срдечно добредојде, пријатен престој и да ја искористат можноста да се запознаат со бројните традиционални, културно-историски и современи белези на она што значи – Струмица вчера, денес и утре, а за убав спомен и сеќавање, им подарија скромни подароци од општина Струмица.
По посетата на Општина Струмица, децата уживаа во убавиот градски парк.
По ручекот групата се смести во Манастирот „Свети Петнаесет Тиверополски Свештеномаченици“ и се поклони на чудотворната икона на Пресвета Богородица.


По вечерата, групата се упати на разгледување на центарот на Струмица.
Следниот ден беа посетени манастирите во Водоча и Вељуса и беа љубезно пречекани од сестрите, кои им раскажуваа за овие значајни манастири. Во манастирот „Св. Леонтиј“ во Водоча, со историјата на манастирот, децата ги запозна отец Григориј, на кого и му беше предадена Плакетата – Пријател на децата, која што Детската Амбасада оваа година му ја додели на Неговото Високо Преосвештенство, Дедото Наум, за подршка на активностите на Детската Амбасада.
По посетата на манастирите, групата се упати кон бајните во Банско и убавиот хотел „Цар Самуил“, каде што уживаа во базентот.


Целта на оваа програма беше постигната во целост. Децата беа задоволни, среќни и весели, со нови познавања за овај крај од Република Македонија.