Заеедно посилни

Сподели:

cimg5700Со намера за зближување на децата од општина Прилеп, нивно другарување од сите урбани заедници во општината и едукација и социјализација на децата со нови научни, културни и историски знаења, Детската Амбасада за Сите Деца во Светот во 2011 година ја воспостави програмата „Заедно посилни“ во координација со сите општински основни училишта.

Целта на оваа програма е од гоелмо значење како за децата така и за општината, испраќаќи јасна порака на национално ниво. Децата се едуцираат со трендовите на демократијата и човековите права, првенствено со трендовите на правата на детето, со развојот на техничко-технолошките вредности и се социјализираат во насока на остварување на нивните права и обврски како придонес во градењето на хуманистичкото општество.

Оваа програма се реализира со поддршка на ЕЛС и Градоначалникот на Општина Прилеп и во реализацијата на активностите кои се одвиваат на локално и национално ниво е вклучен општинскиот секторски раководител во чија надлежност е образованието.

До сега во изминативе 3 години во активностите дирекно учествувале повеќе од 2000 деца, а индирекно сите ученици од основното образование, како и нивните родители.

Активностите се планираат на координативни средби помеѓу Детската Амбасада и координаторите од секое училиште. На ваквите средби, наречени координации, се утврдуваат програмските активности и планот и програмата за реализација со намера за остварување на целите од проектната програма. За секоја активност се информираат надлежните во ЕЛС на Општина Прилеп.

Координативното тело го сочинуваат:

Генералниот Секретар на Детската Амбасада, Г-дин Дамјан Стојаноски

Стручниот тим на Детската Амбасада кој има за цел да промовира млади и искусни волонтери

Раководителот на ДЕЦ „4-ти Јули“, Г-ѓа Благица Димоска, односно Александра Врвцоска

Повремено Раководителот на сектор при ЕЛС на Општина Прилеп, Г-дин Марјан Матракоски

Координаторите од Општинските Основни Училишта:

Цвтанка Стојаноска, за ООУ „Гоце Делчев“

Бисера Вишиноска/Весна Трајкоска, за ООУ „Рампо Левката“

Снежана Десовска, за ООУ “Добре Јованоски“

Јелица Солуноска/Благојче Димоски, за ООУ „Кире Гаврилоски“

Каролина Јовеска, за ООУ „Климент Охридски“

Благица Кузманоска, за ООУ „Кочо Рацин“

Рената Здравеска, за ООУ „Блаже Конески“

Реализирани се многу активности и значајни посети, како во Прилеп, така и во Скопје, Попова Шапка, Крива Паланка, Св. Прохор Пчињски – Р. Србија, Кратово, Битола.

За својот придонес во градењето на хуманистичкото општество, Детската Амбасада ги пофали ЕЛС на Општина Прилеп и Координаторите од училиштата и им се заблагодари на сите училишта. Доделени се благодарници на сите добронамерници кои ги поддржаа ваквите активности и ги отворија вратите за децата од Прилеп.