Детски Едукативен Центар „4-ти Јули“ е проект на Детската Амбасада кој започна со реализација на своите активности во 2003 година, во чии едукативни работилници се едуцирале повеќе од 4000 деца и преку кого се реализирани поголем број програмски активности. Овој проект е основан со финансиска поддршка на УСАИД Македонија, поддржан од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Комисијата за образование, наука и спорт во Собранието на Република Македонија.
Свеченото отворање во Прилеп беше одбележано со високи гости од дипломатскиот кор, политичкиот, јавниот и културниот живот. Покрај високите дипломати од Амбасадата на Соединетите Американски Држави, на отварањето присуствуваа и Првиот Претседател на Република Македонија, Г-динот Киро Глигоров, Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија, Г-дин Тито Петковски, Директорот на Државниот просветен инспекторат, Г-ѓа Благородна Лакинска, Амбасадорот на Детската Амбасада, Н.Е. Г-ѓа Гордана Нацева, и други многубројни гости, на кои им се обрати Генералниот Секретар, Г-дин Дамјан Стојаноски.
Во работилниците на ДЕЦ „-4-ти Јули“ годишно се едуцираат 400-600 деца. Членовите можат да ги посетуваат работилниците за: јазици (англиски, германски, српски, шпански и италјански), арт (драмска, ликовна, музичка и спортска), стручни (математика, екологија, информатика) и работилниците за потребите на програмските претставувања.
ДЕЦ „4-ти Јули“ за своите членови, за децата од сите целни групи организира програми кои содржат едукативни и културолошко-историски насоки на збогатување на знаењето на децата. Посебно е значајна координацијата помеѓу 4 училишта каде што се изучува настава на мајчин јазик српски на целата територија на Република Македонија, како и од особено значење е координацијата која ги вклучува сите Општински Основни Училишта од Општина Прилеп. Преку овие координации се остварува целта за социјализација и едукација на децата преку најразлични облици на организирање за правилен психо-физички развој и создавање на здрава и здраворазумна младина за сопствената држава и пример за пред светот.
Значењето од улогата на ДЕЦ „4-ти Јули“ е од локален и национален интерес.
На основа на искуствата стекнати од успешната работа и придонесот на ДЕЦ „4-ти Јули“, Детската Амбасада го изработи и се застапува за реализација на проектот Детски Едукативни Центри кој предвидува отворање на 33 центри во 33 општини ни Република Македонија, значајно за социјалната, економската и културната свера на развој на општеството и општествените вредности.