Ден на планетата Земја

Сподели:

Светски ден на планетата Земја
Првпат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22 април 1970-та година во САД, а од 1992 година и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави.
Меѓународниот ден на планетата Земја е на 22. Април секоја година се одбележува ширум светот со разни манифестации и акции, со цел да се сврти вниманието на јавноста на зачењето на зачувување на животната средина и да доведат допромена на еколошката свест.
Денес во кругот на манастирот св. Димитрија во с.Селце посадивме дрвја и го одбележавме роденденот на нашата планета Земја.
Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично.
Да ја чуваме и негуваме нашата планета Земја, како што и таа не негува на најдобар начин. Само здрава и чиста животна средина може да ни овозможи квалитетен живот.