Во Прилеп традиционален Божикен ручек за 500 деца

Сподели:

Во Прилеп денеска по 11-ти пат, за празникот на Христовото раѓање, се одржа традиционалниот Божикен ручек, на кој учество зедоа околу 500 деца од цела Македонија. За жал поради лошите временски услови дел од поканетите не успеаа да присуствуваат на оваа манифестација.

Настанот е во организација на „Детската амбасада – За сите деца во светот“. Мотото на овој настан е „Едно небо за сите деца“.

Како и секоја година така и оваа Божикниот ручек беше поддржан од локалната самоуправа на Прилеп и градоначалникот Марјан Ристески.

Ручекот традиционално го благослови Владиката Петар, Митрополит Преспанско – Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски.

-Празникот Божик е раѓање на синот Божји кој од преголема љубов кон човечкиот род излезе од прегратките на Отецот и доброволно прифати да прими човечко тело. Така денес малиот Бог е всушност оној кој го славиме и Тој не радост за сите деца. Овој празник може да се нарече и празник на децата. Ние се радуваме како црква што се поправилно почнуваме да ги празнуваме празниците, а осообено овој празник. Ние во Битола еве повеќе од 5 години го празнуваме празникот со коледарчињата кои до пред извесен период пееја непристојни песни за овој ден, а сега се пејат пригодни песни како онаа за раѓањето на Христос и одат со една импровизирана пештера на која е претставено раѓањето на Христос. „Христос се роди, Навистина се роди““, истакна Г. Петар, Митрополит Преспанско – Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски.

Освен од православна вероисповед на настанот приствуваа и деца од другите религии.