Божикен ручек

Сподели:

По 17-ти пат, традиционално, во организација на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, 500 деца се дружеа на свечен Божикен Ручек и ќе го славеа Христовото раѓање. На оваа прослава Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го додели најпрестижното признание за општествена одговорност ОРДЕН ЗА НОСИТЕЛ НА МИРОТ. Оваа година ова меѓународно признание му го доделивме на реномираната компанија „Кромберг и Шуберт“ од Битола.

Оваа година гости беа традиционално петстотини деца од целата територија на нашата држава, кој на заедничка трпеза го славеа Божик, денот на Христовото раѓање и на оваа заедничка трпеза седнаа деца од различни целни групи, како и истакнати деца – членови на Детската Амбасада. Децата беа од Прилеп, од Скопје, Битола, Тетово, Крушево, Охрид, Струмица и од другите градови и општини ширум државава.

Како и секоја година нашата порака е во рамките на нашето мото „Едно небо за сите деца“, а тоа значи децата да се почитуваат помуѓу себе, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладува толеранцијата и сите ние заеднички да придонесуваме кон градење на нашето општество. Бидејќи децата се нашата иднина.

Вредностите кои се промовираат со самиот настан се: еднаквоста, љубовта и мирот помеѓу децта. Тоа пак води до нашиот постулат на програмските задачи на Детската Амбасада дека сите деца се исти и еднакви во остварувањето на нивните права, односно дека ништо не е позначајно од среќата на детското лице, па затоа на оваа Божикна трпеза заедно се дружат деца од другите верски заедници, од исламската, католичката, еврејската и евангелско-методистичката

Божикниот Ручек го благослови Неговото Високо Преоствештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски, Господин Петар, а на сите деца им се доделија пакетчина за слатки сеќавања на Божикниот Ручек, за кои се погрижи Градоначалникот на Општина Прилеп г-дин Борче Јовчески. Како и минатата година, така и оваа за збогатување на свеченоста се погрижија танц студио „Зодијак“ од Прилеп, но и оваа година забавниот дел го збогатија и малите ангелчиња Илина и Јована Николовски од Скопје, како и Јована Ристаноска од Битола.

И оваа година, покрај добитникот на Орденот за носител на мирот, доделивме и ПЛАКЕТА ЗА ПРИЈАТЕЛ НА ДЕЦАТА, за кои Детската Амбасада за Сите Деца во Светот одлучи да ги додели на: Прилепска пивара од Прилеп и Танц студио „Зодијак“ од Прилеп.

Организацијата на овој 17-ти по ред Божикен Ручек успешно се реализира благодарение на пријателите на децата и Детската Амбасада, ЕЛС на Општина Прилеп, Алкалоид А.Д. од Скопје, Кромберт и Шуберт од Битола, Прилепска Пивара од Прилеп, Млекара А.Д. Битола од Битола, Винчини од Виница и Фан продукција Зоран од Прилеп. Медиумски покровители на овој настан се: Канал 5 Телевизија, Македонската Радио Телевизија, Наша ТВ Телевизија, Тера Телевизија, Радио 5 чоки и Радио Пела, веб порталите Слободен печат, Шеталиште, Маркукуле и Инфокомпас.